X
 28.07.2023 Култура

Нов документарен филм на „Нетфликс“ ги шокира гледачите

Луѓето што го гледале новиот документарен филм за нуркање на „Нетфликс“ се плашат повторно да влезат во вода.

„Најдлабокиот здив“ (The deepest breath) се прикажува на платформата од 19 јули и веќе привлекува големо внимание. Станува збор за пливачи кои се натпреваруваат во длабоко нуркање со само еден здив.



Документарниот филм ја следи приказната на Алисија Зекини, шампионка во слободно нуркање. Во еден момент таа се обидува да собори рекорд, но губи свест додека се враќа кон површината.

Според коментарите на гледачите на социјалните мрежи, филмот е застрашувачки и тежок за гледање.


Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура