X
 24.08.2025 Живот

Погледнете како овој октопод „си игра“ со камера и се снима сам

Големите октоподи се познати по огромниот мозок за нивното тело, што ги прави не само паметни, туку и љубопитни и желни за игра. Совршен пример за тоа е еден октопод кој двајца нуркачи го сретнале крај брегот на островот Ванкувер во Канада. Заинтригиран од сјајната камера на научниците, октоподот ја зел и почнал да се снима одблиску.

Нуркачите Џон Рони и Крис Мален, истражувале во заливот Нанус, познат по присуство на големи октоподи. Иако знаеле дека ги има во водите, сепак биле воодушевени и изненадени кога виделе октопод со распон на пипките од околу 3 метри.

 

- Веднаш ни пријде, ја зеде камерата и почна да снима сам. Ја носеше камерата, ја насочуваше кон ѕид и слично - вели Рони.

Откако заврши со камерата, октоподот го „гушна“ Мален, ставајќи ги пипките на неговата маска. Иако изненаден, Мален кажува дека движењето било мотивирано од љубопитност, а не од агресија.

Средбата потврди колку се паметни октоподите и колку сакаат да учат. Популарноста на видеото покажува колку луѓето се фасцинирани од овие интелигентни и љубопитни суштества.

- Се гледа дека луѓето се фасцинирани од овие животни затоа што се интелигентни, љубопитни и сосема поинакви од сè што ќе видите на копно - рече Рони.

 
Извор: Mymodernmet.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот