X
 10.04.2021 Култура

Нов документарец на „Нетфликс“ ја истражува најголемата кражба на уметнички дела во светот

„Ова е кражба“ (англ. This is a robbery) е нова документарна серија на „Нетфликс“ што ја истражува најголемата кражба на уметнички дела во светот. Биле украдени дела вредни 500 милиони долари од музеј во Бостон.

Кражбата ја направиле двајца мажи кои влегле во музејот „Изабела Стјуарт Гарднер“ облечени како припадници на полицијата и заминале со 13 слики. Кражбата се случила во 1990 година.

Музејот нуди награда од 10 милиони долари за информации што може да доведат до наоѓање на уметничките дела и денес, но тие никогаш не биле пронајдени.

Кражбата се истражува во документарна серија со четири епизоди, во кои се зборува за историјата на случајот, истрагата и можните осомничени лица.


Иако овие украдени дела не биле пронајдени, детективите и полицијата досега успеале да најдат други уметнички дела во разни истраги. Холандскиот детектив Артур Бренд е еден од најпопуларните детективи во областа на уметноста и успеал да најде повеќе украдени дела, меѓу кои и дело на Пабло Пикасо кое било украдено во 1999 и мозаик од ерата на Византија што бил изгубен над 40 години.

Кражбата на „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи од „Лувр“ во 1911 е една од причините зошто сликата е толку позната денес. Според Ноа Чарни, професор по историја на уметност, сликата не била особено уникатна, освен што била добро дело на многу познат уметник, сè додека не била украдена. Како што изјавил тој, кражбата ја направила сликата популарна.


Фото: Pixabay

Сликата била украдена од страна на стаклар кој работел во музејот. Тој се скрил во орман и вечерта излегол со сликата. Таа била пронајдена во 1913 година кога крадецот стапил во контакт со препродавач на уметнички дела и галерија. Тој бил уапсен и осуден на седум месеци затвор.

Автор: Талија Лакриц
Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура