X
 28.09.2023 Живот

Ова се победниците на натпреварот за најдобар астрономски фотограф за 2023 година

Кралската опсерваторија „Гринич“ неодамна ги објави победничките фотографии на најголемиот светски натпревар за вселенска фотографија.

Натпреварот се одржува 15 години по ред и негова цел е да ги истакне аматерските вселенски фотографи од целиот свет.

Годинашната победничка фотографија ја направија Германецот Марсел Дрехслер и Французите Ксавиер Стротнер и Јан Сеинти.

Нивната фотографија на досега невиден кислороден лак покрај галаксијата Андромеда го освои првото место од вкупно 4.000 пријавени фотографии од 64 земји. Фотографијата беше направена во 2022 година и, според фотографите, била направена случајно.

- Никој не очекуваше дека ќе излезе ваква фотографија и затоа се нарекува Андромеда, неочекувано, бидејќи сакавме да направиме прекрасна фотографија од галаксијата Андромеда - изјави Дрехслер.

Извор: Abc.net.au
Фото: Andreas Ettl
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот