Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, учествуваше како говорник на
WIN Lounge @ Climate Week NYC 2026, настан организиран од Women Inspiring Network во Њујорк, во периодот на 81. Генерално собрание на Обединетите нации - UNGA81.
Настанот се одржа на 22 септември во просториите на адвокатската фирма Polsinelli, а Ѓорчева беше дел од панелот „Climate + Capital: Financing the Transition to a Sustainable Future“, посветен на финансирањето на зелената транзиција и поврзувањето на бизнисот, иновациите и општеството.
Во своето излагање, Ѓорчева се осврна на улогата што универзитетите и образовните институции можат да ја имаат во климатската акција, особено преку поврзување на науката и истражувањето со претприемништвото, иновациите и потребите на општеството. Таа претстави и дел од искуствата и перспективите од работата на Меѓународен Славјански Универзитет.
На панелот учествуваа и Питер Фусаро, автор и основач на Wall Street Green Summit, познат по својата долгогодишна работа во областа на зелените финансии, како и Питер Тарлоу, партнер во Polsinelli и експерт за интелектуална сопственост и патенти.
Во рамките на програмата Ѓорчева се сретна и со Дилип Чаухан од Кабинетот на градоначалникот на Њујорк, чија работа е поврзана со иницијативи за економски можности и поддршка на бизниси во сопственост на жени и припадници на малцинските заедници.
WIN Lounge беше отворен со обраќање на принцезата Џанави Кумари Мевар, која заедно со Чаухан го претстави и WIN Connect - платформа наменета за поврзување на глобалната мрежа на Women Inspiring Network.
Меѓу говорниците на програмата беше и Хенк Роџерс, претприемач познат по својата улога во глобалното ширење на видеоиграта „Тетрис“, а денес основач на Blue Planet Alliance и активен застапник за транзиција кон 100 проценти обновлива енергија.
Учеството на Ѓорчева на Climate Week NYC е дел од меѓународните активности преку кои претставници на МСУ учествуваат на конференции и платформи посветени на образованието, бизнисот, одржливоста и глобалните општествени предизвици.
(Комерцијална објава)