X
 28.10.2018 Живот

На рестораните во Остин им е забрането да фрлаат храна

На рестораните во Остин, Тексас, веќе нема да им биде дозволено да фрлаат остатоци од храна. Според новите политики, сите бизниси што работат со храна во овој град ќе треба да ги држат органските материјали, како отпадоци од храна и валкани хартиени продукти, подалеку од депониите.

- Бизнисите можат да ги елиминираат отпадоците од храна така што ќе го донираат вишокот, носејќи ги остатоците во локалните фарми за животните или преку компостирање - стои во соопштението на локалните власти.

Со одредбата исто така се бара од бизнисите да овозможат обуки за вработените за отстранување на органскиот отпад и да информираат за планот.

Официјалните градски податоци покажуваат дека 37 отсто од материјалот пратен во депониите се органски и би можеле да бидат донирани или компостирани.

Одредбата на властите од Остин е најновиот потег на некој поголем американски град за воведување еколошки политики. Десетици градови и бизниси во САД забранија користење на пластични сламки и други предмети за една употреба во обид да го намалат загадувањето.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот