X
 28.10.2019 Живот

Орел направил огромна сметка преку роаминг

Рускиот мобилен оператор „Мегафон“ се понуди да го прости долгот за роаминг што 13 ретки орли го направиле на сметка на истражувачки центар во Сибир. Сумата петкратно го надминува нивниот буџет.

Руските орнитолози ја истражуваат преселбата на заштитените степски орли и го следат нивното движење со помош на податоците кои со околувратник за СМС-пораки ги пренесуваат преку мрежите на мобилната телефонија.

Но, тие податоци покажуваат дека орлите летаат неочекувано далеку, па една женка, по име Мин, летнала од Сибир до Казахстан, а притоа нејзиниот околувратник пет месеци не пратил СМС-порака. Кога патувањето продолжило во Иран, кога Мин се вратила во мобилната мрежа, уредот одеднаш пратил стотици високотарифни СМС-пораки.

Пораките од СИМ-картичката на Мин во Иран чинеле огромни 110 долари дневно.

Сепак, за високата сметка не е само Мин виновна. Другите птици одлетале и до Таџикистан, Туркменистан, Пакистан, а една дури и до Судан, открива Елена Шнајдер, истражувачка од Центарот за диви животни во Новосибирск.

Според „Форбс“, истражувачите наместо СМС-пораки, можеле едноставно да користат бесплатен ГПС-систем.

Во светот денеска има од 50.000 до 70.000 степски орли, а во Русија – помалку од 10.000, бројка што и понатаму опаѓа. Од 2015 година тие се заштитен вид. Се гнездат во Јужна Русија и во Казахстан, а зимите ги минуваат во потоплите и појужни краишта.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот