X
 28.10.2025 Живот

Има 101 година и сѐ уште работи: Тајната на Ен Анџелети од Њу Џерси за долг и исполнет живот

Ен Анџелети, 101-годишна старица од Њу Џерси, им пркоси на сите очекувања. Наместо да ужива во пензионерските денови, таа и понатаму работи шест дена во неделата.

Иако има повеќе од еден век зад себе, Ен вели дека не може да си замисли да седи дома без работа.

Таа сè уште работи во својата златарница и често патува до работното место. За неа тоа не е обврска, туку начин на живот и токму работата ја исполнува и ѝ дава енергија.

- Ќе умрам ако се пензионирам. Едноставно не можам да останам дома - вели таа.

Тајната на долговечноста


Според зборовите на Ен, тајната е во грижата за себе.

- Мора да станете, да се истуширате, да јадете, да се грижите за себе. Мора да вежбате. Ако не ви се допаѓа работата, сменете ја - советува таа.

Ен почнала да работи уште како дете, кога го напуштила училиштето за да помогне во семејната продавница во Бруклин. Кога нејзиниот сопруг заминал во Втората светска војна, се вработила во бродоградилиште, а подоцна работела и како келнерка.

Во 1964 година ја отворила својата златарница „Кјуриости џувлс“, по случаен разговор со сопственик на локал кој го изнајмила за 85 долари месечно.

Приказната на Ен Анџелети е дел од поширок демографски феномен. Во Њу Џерси моментално живеат околу 2.646 лица постари од 100 години, додека најголем процент стогодишници во САД има на Хаваи.

Слична појава е забележана и на други места во светот. Јапонија неодамна постави нов рекорд - 55. година по ред со речиси 100.000 жители постари од 100 години, од кои 88 отсто се жени.

Извор: superzena.b92.net 
Фото: ABC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот