X
 05.01.2023 Забава

Дали го знаете ова правило во играта „Монопол“?

На социјалните мрежи повторно се пишува за заборавеното правило во „Монопол“ кое драматично ја менува играта.

Љубителите на оваа игра велат дека со ова правило играта станува уште подобра.

Пред неколку години еден интернет-корисник го откри ова правило на „Твитер“, но некако остана незабележано. Сепак, во последниве денови објавата стана вирална.

Имено, корисникот Рубен објави дека во „Монопол“, по правило, ако не го купите земјиштето на кое сте застанале, тоа автоматски оди на аукција.

- Кога ќе ги фрлите коцките и ќе дојдете на ничие земјиште, тоа земјиште оди на аукција и еден од играчите може да го купи. Така пишува во правилата - вели овој твитер-корисник.

- Воопшто не знаев за ова правило - вели друг интернет-корисник.

- Никој не игра така. Дали сте сигурни дека е вистина? - пишува друг.

Дали вие знаевте за ова правило во „Монопол“?

Извор: Telegraf.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава