X
 28.11.2025 Живот

Фекални бактерии пронајдени на чешми и во храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Денеска на прес-конференција в.д. директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, соопшти дека досегашните анализи на примероци земени од чешмите и кујната и другите работни површини покажале присуство на ентеробактери, што укажува на нехигиена во училиштето и е најверојатната причина за труењето на поголем број ученици.

Кај едно дете е констатирано дека има лесно пренослив норовирус, кој може да ги даде истите симптоми и тегоби на кои се пожалија ученици во „Димо Хаџи Димов“, соопшти таа.

Андоновска апелира на зголемена хигиена во училиштето, да се набават нови дезинфициенти и сапуни. Препорача децата со симптоми да останат дома. Доколку има влошување на клиничката слика, да се јават во Центарот за јавно здравје, но пред сè кај нивните матични доктори.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот