X
 30.03.2017 Технологија

Во чија сопственост е Вашето лице?

Потребно е многу за една машина да се научи да го препознава ликот на една индивидуа. Во зависност од потребите на истражувачот, постојат многу бази со податоци за човечки лица со по десетици илјади слики. Овие колекции на лица се повлечени од јавни книги, снимки од надзор, фотографии од вести и универзитетски студии.

лице
Фото извор: Lucas Jackson / Reuters

Лицето е Ваше и е карактеристика на индентитетот, но тоа е податок што чека да биде прибран. Брокерите на податоци продаваат и купуваат профили што опишуваат кои сте. Тие ги пратат јавните податоци и Вашето онлајн однесување, возраста, родот, статусот на врска, локацијата, каде купувате итн.

Фејсбук веќе користи софтвер за препознавање на означените индивидуалци на фотографиите, а новата апликација на “Apple”, “Clips”, препознава индивидуи во видеата што се снимаат. Постојат вакви софвери и на други компании, како “Snap” и “Face++”, а идејата е да се користи препознавањето на ликот на пример, за влез во згради и комплекси на апартмани.

Разбирливо е дека овие технологии брзо напредуваат, но тие оставаат и простор за теории на заговор. На пример, за “Snap” постои тврдење дека е тајна база на податоци со луѓе кои ја користат апликацијата.

Експертите предупредуваат за ваквите системи со децении. Најновата алатка за препознавање на лица на “FBI” може да скенира милиони фотографии на обичните Американци. Може да дојде до слики од возачки дозволи барем во 18 држави. Точноста на системот сепак е тема на дебата. Имено, многу пати тотално невини граѓани биле претресувани, иако вистинскиот лик бил во базата со податоци.

“FBI” инсистира дека технологијата за препознавање на лица е само за истражувачки цели и дека ликот не е ништо поразличен од отпечатокот од прстот. Системот овозможува автоматски да биде работено она што до сега било спроведувано рачно. Притоа софтверот ќе препознае секој што е во кадарот. Всушност, Америка не е исклучено да стане држава во која се случува постојан надзор.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија