X
 20.03.2016 Наука

Откриена бактерија која може да ја разложи пластиката

Океаните во светот се полни со пластика. Повеќе од 5 милиони парчиња лебдат наоколу. Секоја година, повеќе од 100.000 морски животни и птици се убиени од пластичниот отпад.

Постои доста пластичен отпад кој и не е толку долго присутен. Ако сте постари од 70 години, тогаш вие сте подолго на земјат аотколку пластиката.

Една одредена пластика, пластиката „PET“, се смета за главна закана за животната средина бидејќи е отпорна на разложување. Во 2013 година, околу 60 милиони тони на супер издржлива пластика била произведена во целиот свет. Досега, единственото нешто што ја разградува „PET“ пластиката се ретките габи.  Но, јапонските научници открија бактерија која може да ја разгради пластиката целосно во јаглерод диоксид и вода.

Бактеријата наречена „Ideonella sakaiensis“ била пронајдена во надвор од фабрика за рециклирање шишиња. Патогенот се чини дека еволуирал пар на ензими кои се користат за да се разложи „PET“.

Бактеријата може целосно да ја разложи пластиката после 6 недели на температура од 30 степени Целзиусови. Според истражувачите, додатоците од клетките може да секретираат соединенија кои ќе му помогнат да ја разложи пластиката.

„Можеби мислите дека ова е повторување на една стара приказна, бидејќи микробите кои јадат пластика се сметаат за спасители на планетата. Но, постоја неколку важни разлики. Прво, претходните извештаи беа нестабилни во врска со одгледувањето на габите, но во овој случај микробите лесно се создаваат. Истражувачите ја оставиле „PET“ пластиката во топла тегла со бактериска култура, и после неколку недели целата пластика ја немаше“.

Но, бактеријата се`уште се борат да ја разложат пластиката, такашто потребно е повеќе време пред научниците да ја искористат моќта на бактеријата и да ја искористат за да рециклираат пластика.

Користењето на бактерии за разложување на пластика може да ослободи молекули и соединенија кои можат да бидат штетни за животната средина. Но оваа бактерија не може да биде искористена во природната средина, но се`уште постои потенцијал да бидат искористени во лабораторијата за да се создаде синтетичка супстанца која ќе ја „јаде“ пластиката. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука