X
 29.03.2019 Живот

Патики од крв - доказ дека како раса сме спремни за истребување

Патиките направени од маст и коски на убиени животни, а обоени со нивната крв станаа нов хит на германскиот бренд „Нат-2“, кој претходно ја воодушеви јавноста со патиките од камен и од рециклирано кафе. И иако звучат навистина гадно, тие се резултат на една многу интересна, но и навистина погрешна идеја.

Дизајнерите Себастијан Тис и Шахар Ливне ги здружиле силите за да ги направат првите патики од вистинска крв. Инспирацијата им дошла директно од кланиците низ светот во кои секојдневно се создава огромна количина на отпад во облик на маст, коски и крв, кои се фрлаат или во некои случаи се користат за боење на месото пред продажбата (гадно, но вистинито). Оваа индустрија ги поттикнала двајцата креативци да смислат нова „биокожа“, која со посебни технологии се прави од коски и масти, додека за боењето на таа кожа користеле крв која инаку би била фрлена.

Фото: Noizz

Идејата била да се користат ресурсите што ги дава природата и на тој начин да се привлече вниманието на потребата за самоодржливост и рециклирање - па така дури и крвта може да се рециклира. И иако ниедно животно не е убиено специјално за да се направат овие патики, туку се користени само остатоци од оние животни што се убиваат за продажба на месо и/или кожа, се поставува прашањето како воопшто можете да пропагирате каква било идеја за екологија и самоодржливост ако воедно ја поддржувате месната индустрија, која сама по себе има негативен ефект врз околината?

Изгледа дека луѓето денес се подготвени да направат буквално сè за да привлечат внимание.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот