X
 29.03.2021 Забава

Детективска загатка: Има 10 траги, дали можете да откриете кој е убиецот?

Обидете се да го решите убиството со помош на овие десет траги:

1. Еден од овие пет мажи застрелал и убил еден од преостанатите четворица.
2. Даниел вчера трчал на маратон во Њујорк со еден од невините мажи.
3. Мајк размислувал да стане земјоделец пред да се пресели во градот.
4. Џеф е советник за компјутери и наредната недела сака да го инсталира новиот компјутер на Бен.
5. На убиецот минатиот месец му беше ампутирана ногата.
6. Бен првпат го запозна Џек пред 6 месеци.
7. Џек беше во изолација откако се случи злосторството.
8. Даниел во минатото многу пиеше.
9. Бен и Џеф заедно работеа на своите нови компјутери.
10. Убиецот е брат на Џек. Заедно пораснаа во Сиетл.

Погодете кој од овие пет мажи е жртва, а кој убиец.

ubiec

Одговор:











Џеф го убил Мајк.

Џек не е убиец, тој му е брат на убиецот.
Даниел не е убиец бидејќи вчера трчаше маратон, а на убиецот неодамна му беше ампутирана ногата.
Бен не е убиецот. Неодамна го запозна Џек. Џек и убиецот пораснаа задно.
Знаеме дека Џеф уште е жив бидејќи следната недела сака да го инсталира компјутерот на Бен.
Мајк не порасна со Џек.

ubiec

Ако Џек, Ден, Бен и Џеф сѐ уште се живи, Мајк е мртов.
Можеме само да заклучиме дека Џеф е убиецот.

Извор: Radiosarajevo.ba
Фото: Studomat
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава