X
 29.07.2019 Живот

Работи што не сте ги знаеле за официјалната резиденција на британските лидери - познатата зграда на Даунинг стрит 10

На адресата Даунинг стрит 10 од 18 век се наоѓа официјалната резиденција на британските лидери. Ова се некои од работите што не сте ги знаеле за неа.

Ова се неколку интересни факти за познатата зграда.

1. Сер Џорџ Даунинг, дипломат кој ги шпионирал своите пријатели, во 1682 година изградил 15 до 20 куќи во низа со слаби темели, на улицата што денес го носи неговото име.

2. Зградата официјално станала резиденција на премиерот кога кралот Џорџ II на почетокот на 1730-тите му ја подарил на првиот британски премиер Роберт Волпол.

3. Официјалната титула на Роберт Волпол била Прв лорд на ризницата и оваа титула останала за сите британски премиери. Напишана е на златното поштенско сандаче на вратата на резиденцијата.

4. Познатата црна фасада прво била жолта. Тулите биле обоени во црно за да се задржи препознатливоста на зградата.

5. За да се реши проблемот со глувци во зградата, во неа секогаш живее по некоја мачка. Мачката Лери во 2011 година ја добила титулата на главен фаќач на глувци. Мачката продолжува да му служи на новиот премиер.

Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот