X
 29.08.2025 Наука

Колку вода се крие во една чоколада? Оваа слатка навика носи тежок еколошки отпечаток

Една чоколада. Еден момент мир во брзиот ден. И чувство на задоволство кое не трае подолго од неколку минути.

Во свет полн со обврски, рокови, екрани и стрес, сите ги бараме тие мали моменти на олеснување. Некои ги наоѓаат во шолја кафе, други во прошетка, а многумина во парче чоколада како ритуал, награда, бегство од секојдневието. Но, зад оваа секојдневна ситница се крие не така мала приказна бидејќи додека ние уживаме, планетата троши.

Водата што не ја гледаме, а сепак ја трошиме

За да се произведе една чоколада од 100 грама, во просек се потребни околу 1.700 литри вода. Таа вода не се гледа, не се чувствува и не излегува од нашите чешми. Таа е вткаена во секој составен дел: во какаото, шеќерот, лешниците, па дури и во хартијата со која е спакувано чоколадата. Се нарекува виртуелна вода и е дел од секој производ што го користиме, особено од храната што ја консумираме секојдневно.

Главниот дел од потрошувачката доаѓа од одгледувањето какао - растение кое расте во тропските предели и бара огромни количини влага, топлина и внимание. Значи, чоколадата не е само слаток производ, туку тоа е и жеден луксуз.

Додека ние уживаме, планетата дехидрира


Организацијата „Мрежа за воден отпечаток“ наведува дека за производство на еден килограм какао во прав се потребни повеќе од 27.000 литри вода. Тоа е приближно количината што едно домаќинство би ја трошело за 3–4 месеци, и тоа е само еден составен дел.

Кога се сумираат сите процеси - од плантажите, преку транспортот и пакувањето, до рафтовите во продавниците - доаѓаме до заклучок дека една чоколада не е ни толку лесно како што изгледа. Тоа носи сериозен еколошки отпечаток особено во време кога планетата се бори со суши, недостиг на вода и климатски непогоди.

Дали тоа значи дека треба да се откажеме од чоколадата?

Не, не мора да значи. Не станува збор за откажување туку за свесен избор. Сè повеќе потрошувачи ширум светот бараат производи кои се не само квалитетни, туку и произведени одговорно. За среќа, постојат производители и малопродажни синџири кои ја сфаќаат таа одговорност сериозно.

Мала навика, големо влијание


Замислете ако сите само понекогаш би избрале чоколада од одржлив извор. Колку литри вода би можеле да се зачуваат? Колку плантажи би можеле да опстанат без исцрпување на почвата? Колку луѓе во производниот синџир би имале подобри услови за работа?

На прв поглед малиот чекор, но кога повеќето од нас ќе го направат, тој чекор станува патека на промени.

Затоа, следниот пат кога ќе застанете пред рафтовите и ќе посегнете кон омилената чоколада, размислете за водата што не ја гледаме.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука