X
 29.09.2018 Живот

Французин му се пожалил на претседателот дека не може да најде работа, па добил 20 понуди

Еден невработен Французин добил работа по објавувањето на снимката на која се гледа како францускиот претседател Емануел Макрон му кажува дека тој може „да го премине патот и да му најде нешто“.

Жонатан Жан бил снимен како му кажува на Макрон крај Елисејската палата за неговите тешкотии при наоѓање работа, иако аплицирал на повеќе места. Овој 25-годишен човек му кажал на претседателот дека студирал хортикултура и дека со месеци барал работа како градинар.

- Ако си енергичен и мотивиран, во хотел, кафуле, ресторан или во градежната индустрија - нема каде не сум бил, а луѓето да не ми речат дека бараат работници. Хотели, кафулиња, ресторани... Можам да го преминам патот и да ви најдам нешто. Едноставно сакаат луѓе што се подготвени да работат - му рекол Макрон.

Откако снимката стана популарна на интернет, од една агенција за привремено вработување му се јавиле на младиот човек и му понудиле да работи како возач на автобус.

- Среќен сум затоа што ќе работам нешто што го сакам - истакнал Жан за една француска телевизија, која пренесе и дека му биле понудени 20 други работи, но тој ги одбил.

Советот на Макрон предизвика наплив од критики на интернет, а некои од нив беа насочени кон инсистирањето на претседателот дека има многу слободни работни места и покрај 9-отстотната стапка на невработеност во земјата. Други, пак, го исмеваа советот на Макрон со мемиња
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот