X
 29.09.2021 Живот

Смеењето е од непроценлива вредност, еве кои се придобивките

Сите уживаме да слушаме смешни шеги, да се дружиме со луѓе со добра смисла за хумор и да гледаме комедии.

Но, малкумина од нас сериозно ја сфаќаат смеата, ниту правиме заеднички напори да се смееме повеќе, а би требало.

Науката за смеење, иако сѐ уште прелиминарна, посочува дека смеењето носи огромни придобивки за нашето здравје и ментална благосостојба.

Во продолжение ви претставуваме неколку неверојатни причини зошто смеењето е здраво и какви придобивки има за вашата психо-физичка состојба:

1. Смеата ги подобрува врските

Истражувањата покажуваат дека смеењето ве прави поотворени за нови луѓе и ви помага да изградите односи. Секое пријателство или врска со колегите без смеа би било апсолутно досадно и неодржливо.

2. Смеењето ја подобрува меморијата и го намалува стресот

Истражувањата покажуваат дека смеењето може да ја изостри вашата способност да запомните работи и истовремено може да го намали хормонот на стрес - кортизол, особено кај постарите луѓе.

3. Смеењето ве прави поотпорни


Дали некогаш сте се смееле нервозно во непријатна или тешка ситуација? Ова е затоа што смеата може да ви помогне да ги регулирате емоциите кога ќе се соочите со предизвик. Со самото тоа се зголемува степенот на вашата отпорност, односно отпорноста на стрес и негативни емоции.

smeenje
Фото: Freepik

4. Смеењето го подобрува вашето здравје


На пример, една студија на пациенти со дијабетес покажа дека смеењето ги намалува стресот и воспалението и го зголемува добриот холестерол. Друга студија посочува дека само со предвидување смешен настан се зајакнува имунолошката функција, истовремено намалувајќи ги хормоните поврзани со стресот.

5. Смеењето ве прави подобар ученик

Кога се обидуваме да научиме нешто ново, обично сме сериозни, но истражувањата покажуваат дека добрата смеа додека учите нов материјал ќе ви помогне да се ангажирате повеќе. Дури и кога сте лоши во нешто, смислата за хумор е од суштинско значење за да не бидете безволни.

6. Смеата ве прави привлечни

Една неодамнешна студија потврдува дека хуморот и разиграноста се високо ценети особини кај потенцијалните романтични партнери.

7. Смеата ви помага да го направите светот подобро место

Зошто? Затоа што е заразно, барем на ниво на мозокот, се вели во истражувањето на Софи Скот. И светот секогаш може да користи малку (ако не и многу) повеќе интелигенција.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот