X
 19.03.2016 Живот

Како да го подобрите вашето критичко размислување

Критичкото размислување е важна вештина која секој може да ја подобри со вистинскиот процес. Во продолжение ви нудиме неколку совети како поефикасно да ги решите проблемите и да направите подобри решенија.

 

podobruvanje


Во видеото од TED-Ed каналот на Youtube, наставничката по хемија Саманта Агос објаснува едноставен систем за приближување на било каков проблем или тешка одлука во вашиот живот. Кои се најважните чекори?

1. Формулирајте сопствено прашање: потребно е да знаете што конкретно барате. Ако размислувате да започнете диета, на пример, важно е дали се обидувате да изгубите тежина, да имате повеќе енергија или само да го подобрите начинот на исхрана.

2. Соберете информации: сега кога знаете што е важно за вашиот проблем или одлука, истражувајте го. Побарајте експерт, читајте на таа тема или разговарајте со луѓе кои имаат искуство со истата работа.

3. Применете ги информациите и прашајте критично прашање: кои концепти функционираат? Какви претпоставки постојат? Дали вашата интерпретација на информацијата е логична?

4. Разгледајте ги импликациите: гледајте подалеку од краткорочноста и размислете за тоа како вашата одлука ќе ги обликува нештата долгорочно. Нешто што има корист сега, можеби нема да има корист во иднина. Што може да испадне погрешно?

5. Истражувајте ги другите гледни точки: со разбирање на другите перспективи, вие учите повеќе за предметот. Исто така, дадена ви е можност да размислувате за информациите кои ви се потребни и како се чувствувате. На пример, ако учите зошто луѓето се против исхраната која ја имате во предвид, тоа може да влијае врз вашата одлука.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот