X
 20.09.2025 Живот

Ако сакате да бидете здрави, смејте се

Смеењето е еден од најмоќните природни лекови, а неговата моќ е особено голема кога искрено се смееме во друштво на пријатели. Чувството на радост што ни го носи смеењето не влијае само врз нашето расположение, туку и врз нашето физичко и ментално здравје.

Како влијае смеењето врз телото?

Вистинското смеење го активира лачењето на хормоните на среќата - ендорфин, допамин и серотонин. Овие невротрансмитери дејствуваат како природни аналгетици, ублажувајќи ги болката и напнатоста во телото, а истовремено го зголемуваат чувството на задоволство и среќа. Покрај тоа, смеењето ги намалува нивоата на хормони на стрес како што се кортизол и адреналин, помагајќи му на телото да се опушти и да се врати во состојба на рамнотежа.

Смеењето, исто така, ја стимулира циркулацијата на крвта и го зајакнува срцевиот мускул, што придонесува за целокупното здравје на кардиоваскуларниот систем. Редовното смеење може да дејствува како лесна вежба бидејќи ги стимулира дишењето и работата на мускулите, особено во лицето, вратот, стомакот и градите. Така, смеењето помага во одржувањето на тонусот на кожата, што придонесува за младешки изглед.


Смеењето како најдобра терапија

Научните студии покажуваат дека само неколку минути смеење можат значително да го намалат нивото на стрес, да ја подобрат функцијата на имунолошкиот систем и да го забрзаат закрепнувањето од болести. Луѓето што се смеат редовно ретко страдаат од депресија и анксиозност, а нивната општа ментална состојба е поизразено позитивна.

Дружењето со пријатели кое е исполнето со искренa смеа и хумор создава еден вид терапевтска заедница во која се ослободуваат стравовите, анксиозноста и негативните емоции. Ваквите моменти ја обновуваат енергијата, ги зајакнуваат социјалните врски и создаваат чувство на припадност - клучни компоненти за менталното здравје.

Како повеќе да се смеете?

-Организирајте дружење со пријатели каде што смеата е природен дел од разговорот.
-Гледајте хумористична содржина и споделувајте смешни моменти.
-Вежбајте смеење - дури и присилното смеење има позитивен ефект.
-Бидете отворени и искрени во изразувањето радост, што поттикнува спонтанo смеeње.

Извор: modnialmanah.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот