X
 29.09.2025 Живот

Вештачката интелигенција декодира порака во шише пронајдено во Германија

Линда од англискиот град Рединг фрлила шише со порака во реката Темза или Северното Море во 2007 година, а во 2018 година шишето било пронајдено на германскиот остров Зилт, но неговата содржина била целосно неразбирлива за пронаоѓачите.

„Чет-ГПТ“ и други алатки за вештачка интелигенција (ВИ) овозможиле декодирање на делови од писмото, но сега е невозможно да се пронајде Линда, која барала одговор на пораката.

Малте Бајер и неговото семејство од регионот Шварцвалд во Германија го пронашле шишето украсено со цртежи од шарени риби, морски коњчиња и чамци, додека шетале по плажата.

- Успеав да разберам два збора: Англија и градот од кој е испратено - рекол тој.

Потоа семејството го ставило пронајденото шише меѓу школките во корпа, како сувенир од нивниот одмор.

ВИ може да дешифрира и хиероглифи

Но, сопругата на Бајер неодамна го потсетила сопругот на шишето и писмото, и бидејќи тој работи со вештачка интелигенција, решил да се обиде уште еднаш. Знаејќи дека вештачката интелигенција може да дешифрира и хиероглифи, Малте открил пишана порака:

- Кој и да го најде ова, нека ми пише - проследено со адресата „Рослин Кресент 5, Рединг, Англија“.


Компанијата со моментално седиште на таа адреса нема никакви информации за Линда. Според анализата, тие веруваат дека кога таа ја напишала пораката и го испратила шишето, била во раните тинејџерски години.

Експертот за вештачка интелигенција Мајкл Ханиш изјавил дека скенирањето и анализата би можеле да ги направат другите стари текстови повторно разбирливи и читливи.

Новите „големи јазични модели“ (ЛЛМ) се подобри во дешифрирањето на контекстот од старите бидејќи ги гледаат текстовите и сликите како ист елемент. Новите модели се способни да ги пополнат деловите што недостигаат, додал Ханиш.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот