X
 29.10.2019 Живот

Работа од соништата: Оваа компанија ќе ви плати да носите топлинки цел ден

Носењето нови топлинки, особено кога е зима, е прилично неверојатно искуство. Сè што сакаш е да се стоплиш и да уживаш во удобноста на својот дом.

Топлинките доаѓаат во сите форми и големини и факт е дека постојат удобни топлинки за секој од нас.

Но, што ако ви каже некој дека може да добивате плата за рецензија на нови топлинки? Сега имате шанса да го реализирате вашиот сон.

Имено, компанијата „Бедрум атлетикс“ бара официјален „тестер на топлинки“ за да ја тестира нејзината нова колекција за есен/зима. За ова, компанијата ќе плати до 40.000 фунти за вашите напори.

Секако, постојат правила ако сакате да ја работите оваа работа. Ќе треба да носите топлинки најмалку 12 часа во 24-часовен период.

vlecki
Фото: Pexels


Ако имате доволно среќа да бидете избрани за нов тестер, ќе ви биде даден широк спектар на топлинки и ќе треба на компанијата да ѝ дадете повратна информација, и тоа преку рецензии, оцени и процени.

- Работната позиција се чини како прилично тривијална работа, но за нас е исклучително важно нашите производи да се со оптимална удобност за оние што избираат да купуваат преку нашата веб-страница - изјави директорот на „Бедрум атлетикс“, Хауард Ветер.

- Затоа веруваме дека новиот официјален тестер на нашите брендови ќе биде од непроценливо значење во добивањето увид и повратна информација за континуирано подобрување на нашите топлинки. Нашата компанија сака сите наши топлинки да бидат удобни, пријатни и луксузни - додава тој.

ТУКА можете да аплицирате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот