X
 11.09.2018 Живот

Работи што никогаш не треба да ги имате на вашиот профил на „Линкдин“

„Линкдин“ е одлична платформа кога станува збор за вашата кариера и успехот и потрагата по нови возбудливи можности. Треба да се погрижите за вашиот профил на оваа мрежа затоа што не сакате да изгледате „непривлечно“ во смисла на кариерата.

Ова се некои насоки што треба да ги следите кога станува збор за содржината што треба да ја избегнете на „Линкдин“.

Не жалете се за вашиот моментален или поранешен шеф, колеги или компанија

Немојте да зборувате лошо за луѓето или организациите на вашиот линкедин-профил. Тоа не кажува убави работи за вас.

Никогаш не постирајте пред да го проверите постот дали има правописни грешки

Ова особено се однесува кога пишувате на англиски јазик. Сигурно дека не сакате идните работодавци да мислат дека не знаете да пишувате.

Не постирајте дека барате работа

Ако моментално сте вработени и барате нова улога надвор од вашата моментална компанија, би било подобро тоа да не го споделувате на вашиот линкедин-профил.

Не пишувајте ништо што не е поврзано со вашата работа/професија

„Линкдин“ е веб-страница чија главна цел се работните места. Постирајте го и ажурирајте го вашиот профил. Секако, во ред е некогаш да имате нешто лично во вашите постови, меѓутоа, користењето на вашиот профил за смешни видеа со мачки дефинитивно треба да го заборавите.

Не поставувајте лични фотографии

Некои луѓе поставуваат фотографии од нивниот личен живот на нивниот инстаграм-профил со цел да претстават одлична фотографија.

Сепак, експертите велат дека добро би било да имате фотографии поврзани со вашиот бизнис. Фотографии со колегите, фотографии од вас како работите.

Не поставувајте несоодветни постови

Ова е едноставно. Не постирајте ништо што е несоодветно и навредливо. На оваа платформа нема место за такви нешта. За тоа можете да ги користите „Инстаграм“ и „Фејсбук“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот