X
 26.03.2018 Економија

Професии во Македонија што земаат највисока нето-плата



Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2018 година во споредба со јануари 2017 година изнесува 105,6.

Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (37,3 отсто), рударство и вадење камен (20,3 отсто) и земјоделство, шумарство и рибарство (12,5 отсто).

Просечната исплатена нето-плата по вработен за ноември, декември (2017) и јануари (2018) изнесува 23.697 денари, додека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2018 година изнесува 24.025 денари.

Во продолжение се дејностите каде што имало највисока исплатена нето-плата:

Информации и комуникации - 41.056 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 39.806 денари
Финансиски дејности и дејности на осигурување - 39.713 денари
Рударство и вадење камен - 32.923 денари
Други услужни дејности - 28.580
Стручни, научни и технички дејности - 28.097 денари

Целосниот извештај на Државниот завод за статистика можете да го преземете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија