X
 29.10.2025 Живот

Блиската средба со смртта ги менува луѓето, покажува истражување

Ново истражување спроведено врз пациенти што доживеале блиска средба со смртта покажало дека овие искуства можат да предизвикаат длабоки промени во нивните животи - од промени во верските убедувања до преиспитување на личните односи.

Околу 15 отсто од тешко болните пациенти пријавиле блиско искуство со смртта, што вклучува доживувања како силна светлина, ретроспектива на животни настани или чувство на напуштање на сопственото тело.

Истражувачите од Универзитетот во Вирџинија испитале 167 лица кои изјавиле дека се соочиле со вакво искуство. Меѓу нив се издвоила една појава: речиси 70 отсто од испитаниците пријавиле значителна промена во своите верски убедувања и ставови кон смртта.

По средбата, некои ги преиспитале своите лични односи. Повеќе од 20 лица навеле дека им ставиле крај на љубовните врски или се развеле. Исто така, чувството на осаменост било често кај оние што го доживеале ова искуство.

Еден од учесниците ја опишал средбата со смртта како „меч со две острици“ - неверојатно трансформативно искуство што го задржал за себе поради страв од осуда.

Резултатите од истражувањето покажале дека 64 отсто од испитаниците побарале помош од психолози или онлајн заедници, а 78 отсто од нив ја сметале поддршката за корисна.

- Сè уште имаме ограничено знаење за тоа како да се обезбеди соодветна поддршка за овие пациенти и да се задоволат нивните специфични потреби. Се надеваме дека нашето откритие ќе ги поттикне другите истражувачи и лекари да посветат повеќе внимание на проучување на овие феномени - изјави Мариета Пеливанова од Одделот за психијатрија и невробихевиорални науки на Универзитетот во Вирџинија.

Извор: Dnevno.hr
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот