X
 29.12.2022 Живот

Италија ќе ги казнува хуманитарните организации што спасуваат мигранти на море

Италијанската десничарска Влада одобри казнување на хуманитарните организации што спасуваат мигранти на море, како и запленување на бродовите доколку ги прекршат новите построги правила.

Во владината уредба одобрена доцна синоќа се наведува дека по спасувањето група мигранти, спасувачките бродови треба „без одлагање“ да впловат во пристаниште, а не да останат на море во потрага по други чамци со мигранти во неволја.

Мисиите на хуманитарните невладини организации (НВО) вообичаено траат со денови во средниот дел на Средоземното Море, каде што стотици луѓе се превезуваат на бродот во низа акции.

Во новата регулатива на Италија се наведува дека бродскиот персонал на невладините организации мора да ги информира мигрантите на бродот дека можат да бараат меѓународна заштита каде било во Европската Унија.

Капетаните што ќе ги прекршат новите правила се соочуваат со казни до 50.000 евра, а повторените прекршувања може да доведат до запленување на бродот.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот