X
 30.01.2019 Наука

Турци создадоа рендген што не зрачи

Турската компанија „ТехноАрге“ (TechnoArge) создаде рендгенски скенер за аеродроми направен од композит врз база на канабис, кој го спречува ширењето на зрачењето во околината, јави агенцијата Анадолија.

Генералниот директор на компанијата, Музафер Гокчимен, за „Анадолија“ изјави дека кoмпозитниот материјал го блокира емитирањето радијација.

 - Индустриското влакно од канабис, кое се користи во изработка на композити, го апсорбира зрачењето - рече тој, додавајќи дека скенерот исто така врши и дезинфекција на багажот за време на скенирањето.

Тој додаде дека скенерот со х-зраци е патентиран во 144 земји.

Според британскиот Институт за радиологија, стандардните рендгенски скенери емитираат многу ниски количини на зрачење.

 - Компанијата, исто така, работи на изработка на елек отпорен на куршуми произведен со композит од канабис - рече Гокчимен.

Тој нагласи дека овие елеци се полесни, поевтини и 20 пати поиздржливи од стандардните панцири.

- За околу една година сакаме да почнеме со производство на автомобилски материјали од композити од канабис - додаде тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна соопшти дека 19 турски града се овластени за одгледување канабис, потсетува „Анадолија“.

Од 90-тите години производството на канабис е ограничено со цел да се спречи производството на марихуана. Канабисот се користи како суровина во автомобилската, дрвната, градежната, текстилната индустрија, во козметиката, производството на биодизелот, во прехранбената и во индустријата за хартија.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука