X
 30.01.2024 Живот

На Алјаска паднаа над 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Повеќе од 2,6 метри снег паднаа во снежната бура што ја зафати Алјаска, предизвикувајќи уривање на покриви на комерцијални згради во Енкориџ, а властите ги повикаа жителите да го исчистат снегот од покривите.

Дополнителни 16 сантиметри снег паднаа во Енкориџ за време на викендот, со што снегот во најголемиот град на Алјаска е 254 см, а се очекува да се надмине рекордот од 342 сантиметри.

Во текот на изминатите седум дена температурите во Енкориџ беа под нулата секоја вечер, достигнувајќи до минус 17  Целзиусови степени, пренесува Еј-би-си њуз.

На социјалните мрежи се појавија тврдења дека температурите се спуштале под -40 степени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот