X
 30.03.2017 Живот

Имате само 7 секунди за да оставите добар прв впечаток - како да го направите тоа?

Еден ден содржи 86.400 секунди. Повеќе од 30 милиони секунди во една година. Но, потребни се само 7 секунди за една личност да го формира мислењето откако вие ќе му го оставите првиот впечаток.

Токму овие 7 секунди може да ви ги променат наредните години, ако не и цел живот. 7 секунди да оставите импресивен прв впечаток врз вашиот иден партнер.

7 секунди за да го убедите потенцијалниот работодавец дека сте соодветни за работата.

Ако знаете како да ги искористите тие 7 секунди, тогаш тие за вас се рудник со злато.

Ако првиот впечаток што ќе го оставите е лош, тешко можете да го промените после тоа...

Науката открива дека првиот впечаток е прилично важен и дека за да го поправите потребно ќе ви биде два пати поголем напор за да го промените на подобро.

Првиот впечаток е трик кој го игра мозокот


Дали некогаш сте слушнале за ефектот закотвување или потврдена пристрасност?

Ефектот на закотвување е тенденција да донесете прилично силна одлука на првата дадена информација.

Потврдената пристрасност е тенденција повеќе да го претпочитате начинот кој ги потврдува претходно постоечките верувања и хипотези. Уште поважно, не давате пропорционално внимание на алтернативната можност.

Што луѓето прават при првиот впечаток?


Прво, ние имаме тенденција да се потпреме на нашата интуиција и да ја формираме нашата перцепција за тоа која е личноста.

Второ, со потврдената пристрасност тешко дека ќе ги промениме нашите пристрасни перцепции. Кога понатаму комуницираме со нашите нови пријатели, ние продолжуваме да собираме информации за да докажеме дека нашата проценка е точна и да игнорираме сè што е против нашето верување.

Ова значи дека првиот впечаток е нус-производ на нашите пристрасни умови.

Дали треба да се преправам себеси за да оставам добар впечаток?


Не. Треба да правите разлика помеѓу „импресионирање на другите“ и „оставање добар впечаток“.

Импресионирањето на другите значи да се промениме себеси со цел да се вклопуваме во очекувањата на другите, додека оставањето добар впечаток значи дека го покажувате најдоброто од себеси на другите. Тука не е вклучена никаква промена.

Не се преправајте. Не се маскирајте. Не ја кријте вашата омилена личност.


Не ја судете книгата по корицата. Но, кој би зел книга ако корицата го плаши човекот? Бидете книга со богата содржина, но и атрактивна корица.

Како да оставите одличен прв впечаток?

Постојат неколку начини - од држење на телото, до разговарање со стил и јазик на телото. Ова се неколку совети со кои можете да почнете:

Физичкиот изглед значи.


Пред да се продлабочите во интеракцијата, физичкиот изглед е првиот поим на кој човек се потпира за да открие кои сме ние. Освен тоа, ова е начин да се покаже почит преку избирање на соодветната облека за различни настани.

Немојте да покажувате лажна насмевка. Луѓето ќе се сомневаат на вашата искреност

Немојте лажно да се смеете. Лажната насмевка изгледа неприродно и може да ги исплаши луѓето. Може потенцијално да направи поголема штета отколку добро.

Што ја прави вистинската насмевка?


Вистинската насмевка, е насмевка од душа. Тоа значи дека кога се смеете, ги подигнувате мускулите од аголот на устата, од образите и веѓите. Насмевката е вистинска кога веѓите се подигнати и најважно: тоа е принудна акција.

Погледнете во очите на луѓето сè додека не ја видите бојата на нивниот ирис

Одржувањето на умерената количина на контакт со очите обезбедува чувство на интимност на оној со кого комуницирате. Како резултат на тоа, тие се чувствуваат повеќе поврзано со нас и имаат тенденција да бидат повеќе позитивни кон интеракцијата.

Како да знаеме дека контактот со очите е квалитетен? Потребно е да ја идентификувате бојата од ирисот на очите на вашиот соговорник.

Начинот на говорот е многу важен

Начинот на кој разговараме исто така придонесува за оставање на добар впечаток. Не брзајте да одговорите. Размислете детално пред било кои зборови да излезат од вашата уста. Брзите одговори даваат впечаток на несигурност и вознемиреност.

Секогаш слушајте

Запомнете дека разговорот се случува помеѓу вас и уште најмалку уште една личност. Вие зборувате. Тие слушаат. Тие зборуваат. Вие слушате.

Давајте комплименти


Запомнете дека разговорот е интерактивен. Ако ги фалиме другите, тогаш поголема е веројатноста тие да нè фалат нас, и БИНГО! Ќе добиеме она што сме го посакувале - одличен прв впечаток.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот