X
 30.04.2018 Живот

Имигранти кои станале милионери и милијардери откако се преселиле во САД

Со комбинирање на амбиција, вештини и среќа, многу американски имигранти се издигнале до највисоките и најексклузивните ешалони на општеството. Еве некои имигранти кои станале многу богати откако се преселиле во САД.

Барат Десаи

Десаи е роден во Кенија и израснат во Индија. Кога се преселил во САД, тој и неговата сопруга решиле да основаат консалтинг компанија наречена „Синтел“ во нивниот стан во Детроит со само 2.000 долари. Денес неговото богатство се проценува на 1,2 милијарда долари.

Ерен Озмен

Озмен емигрирала од Турција и направила богатство вредно 1,46 милијарда долари со нејзината сателитска компанија „Сиера Невада Корпорејшн“, чии клиенти се НАСА и американските воздухопловни сили.

Хорхе Перез

Перез е пријател на американскиот претседател Доналд Трамп. Перез живеел во Аргентина и Колумбија пред да се пресели во Мајами. Магнатот за недвижен имот е прв човрк на „Рилејтед Груп од Флорида“, која гради во САД, но и во Мексико и Јужна Америка. Богатството на Перез се проценува на три милијарди долари.

mask
Фото: Instagram

Илон Маск

Маск е роден во Преторија, Јужноафриканската Република. Тој е ко-основач на „Пејпал“ и технолошки магнат чие богатство се проценува на 119 милијарди долари.

До Вон и Џин Сук Чанг

Кога овој брачен пар од Јужна Кореја го отворил првиот бутик на „Фешн 21“ во Лос Ангелес имал само 11.000 долари. Тие двајцата имале само дипломи од средно. Сега, 30 години подоцна, нивното богатство се проценува на 3,2 милијарди долари.

Пеги и Ендрју Чернг

Пеги потекнува од Мјанмар, а Ендрју од Кина. Пред да се прошири во секој трговски ценар во САД, „Панда Експрес“ бил мал кинески ресторан во Калифорнија во кој Ендрју работел заедно со татко му. Триесет години и три милијарди долари подоцна, „Панда Експрес„ е можеби најуспешниот кинески ресторан на планетата.

Шахид Кан

Кан е роден во фамилија од средна класа во Пакистан, а сега е сопственик на НФЛ клубот „Џексонвил Јагуарс“ и неговото богатство се проценува на 7,3 милијарди долари.

Патрик Сун-Шионг

Родителите на Шионг се од Кина, но за време на Втората светска војна се преселиле во Јужноафриканската Република. Овој 65-годишен фармацевтски магнат сега живее во Лос Ангелес, поседува дел од акциите на „Лејкерси“, а богатството му се проценува на 7,7 милијарди долари.

dion
Фото: Instagram

Селин Дион

Богатството на оваа пејачка која потекнува од Канада се проценува на 400 милиони долари.

Џорџ Сорос

Богатството на добро познатиот унгарско-американски тајкун се проценува на осум милијарди долари.

Јан Коум

Ко-основачот на најпознатата апликација за допишување, „Вацап“, потекнува од Украина, од каде се преселил по распадот на СССР. Коум порано живеел во сиромаштија, но сега неговото богатство се проценува на 9,1 милијарди долари. Кога „Фејсбук“ ја купи неговата апликација за 22 милијарди долари, Коум реши договорот да го потпише на вратата од зградата каде чекал да добие купони за храна.

Пјер Омидјар

Омидјар е роден во Франција, а има иранско потекло. Неговата фамилија се преселила во САД кога Пјер имал само шест години. Во 1995 година тој ја основал „Ибеј“, а сега неговото богатство се проценува на 10,9 милијарди долари.

sergej
Фото: Instagram


Сергеј Брин

Најбогатиот имигрант во САД се преселил таму заедно со фамилијата кога имал само шест години. Додека студирал на „Стенфорд“, заедно со неговиот пријател Лари Пејџ го развиваат она што подоцна станува „Гугл“. Неговото богатство се проценува на 47,6 милијарди долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот