X
 30.04.2018 Економија

Револуционерен спас за дизел-автомобилите!



Германскиот гигант, кој вработува 402.000 вработени, го претстави новиот систем за прочистување на штетни гасови од автомобилите на дизел-погон, кој ќе овозможи револуција, односно намалување на емисијата на oзлогласeните гасови десетпати помалку во споредба со ограничувањата што ќе важат догодина.

Веста доаѓа како мевлем на рана за германските произведувачи на автомобили чии погонски ситеми генерално се базираат врз дизел-мотори.


Пумпа за дизел
(Фото: Pixabay)


Заради мамењата при тестирањето на издувни гасови кај автомобилите од VW-групата, но и заради можноста за забрана на постари модели автомобили на дизел погон во многу градови, дизел-автомобилите беа промовирани како еколошки неприфатлив модел, со што целиот концепт книжеше загуби од милијарди евра.

Во перспектива, германската авто-индустрија, заради скапиот развој на алтернативните погони кој заостанува зад јапонската конкуренција, би изгубила и многу повеќе.

На пример, само во САД – фолксваген мораше да исплати повеќе од 30 милијарди казни и отштета во врска со аферата Дизелгејт, а десетици илјади дизел-атомобили завршија на отпад.  
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија