X
 30.04.2024 Здравје

Зошто е важно да ја заштитите кожата и од првото силно сонце, а не само налето

Заштитата на кожата од сонце не смее да биде императив само во летните месеци, на море или на планина. Климатските промени ги прават првите сончеви денови уште поагресивни за кожата, па затоа треба да се подготвите соодветно.

Зошто е важна заштитата на кожата од сонцето

Летото не е единствениот предизвикувачки период од годината за нашето тело и неговиот најголем орган, кожата. Климатските промени и осиромашувањето на озонската обвивка се актуелни во сите меридијани, а високото ниво на УВ-зрачење може да има лоши ефекти врз кожата, кои не се само краткорочни. Ако сите овие околности се комбинираат со прекумерно изложување на сонце бидејќи сите сакаме исончан и привлечен тен, ризиците од уништување на кожата и предиспозиција за меланом - се сериозни.

Треба соодветно да се подготвиме за сите активности кои не изложуваат на директно влијание на сонцето и УВ-зрачењето, дури и напролет или за време на преминот од пролет во лето. Ова ќе обезбеди еластичност, здравје и убавина на кожата не само на лицето, туку и на целото тело.

Заштита на кожата од сонце: Што спречуваме со добра превенција?

Кожата на лицето е најмногу изложена на влијанието на сончевите зраци, но е и многу чувствителна. Ова се најважните причини за обемна и внимателна подготовка пред изложување на сонце. Ако го направиме тоа навремено, ќе ја минимизираме можноста за хиперпигментација, дехидрација и уморен изглед. Истото важи и за рацете, без разлика што тие често се помалку директно изложени на сонце и се покриени со ракави. Ако сонцето е силно, а ткаенината е проѕирна, рацете можат да „изгорат“.

Соодветна хидратација и заштита на кожата од сонце

Важно е да знаете дека ниту еден крем не ја заштитува кожата целосно од сонцето, туку ги намалува потенцијалните оштетувања и спречува целосно сушење на кожата, како и оштетување. А кога кожата е сува и оштетена, дејството на УВ-зраците само повеќе ќе ја компромитира. Изберете хидратантни креми со лесна текстура и состав, а доколку знаете дека ќе бидете изложени на силна сончева светлина, избегнувајте производи кои содржат глицерол и уреа, поради зголемено потење.

Кремот со висок заштитен фактор има и заштитна и антистареечка улога. Употребата на крема со заштитен фактор треба да биде редовна и неколку месеци пред изложување на сонце, а мора да се прави во согласност со упатството.

Каков пилинг е корисен да се прави, а што да се избегнува

Пред изложување на силното сонце, а особено пред одење на одмор, лицето не треба да се изложува на агресивни козметички третмани. Такви се депилацијата, ласерска епилација, длабоки третмани со овошни киселини (особено лимонска), агресивен или хемиски пилинг, микродермоабразија, како и употреба на ретинол, бензоил пероксид, АХА киселина. Пилингот е корисно да се прави неколку дена пред силно изложување на сонце, а треба да биде нежен ензимски и механички пилинг, никогаш со употреба на хемикалии.

Кожата со акни е изложена на зголемен ризик од оштетување

Кожата со акни е веќе оштетена, а агресивното изложување на сонце може да ја влоши. Затоа е неопходно да им се посвети посебно внимание на акните и да се третираат. Истражувањата велат дека дури 60 отсто од луѓето со акни доживуваат влошување во текот на летото, поради зголемената активност на лојните жлезди. Доколку имате акни, мора да ги исчистите темелно пред да излезете на сонце, со специјални креми со заштитен фактор за исклучително чувствителна и оштетена кожа.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје