X
 30.05.2021 Живот

Најдобрата техника да запомните многу информации за кратко време

Благодарение на „Гугл“ и другите технолошки алатки, не мора да помниме многу работи. Но за сите ученици и студенти што бараат метод за полесно помнење голем број информации, технологијата не е решение. Истражувачи тврдат дека стара техника за помнење што ја користеле Абориџините во Австралија можеби е најдобар метод за помнење голем број информации за кратко време.

Техниката се заснова на помнење факти со нивно спојување во приказна. Истражувачите ја тестирале техниката на 76 студенти по медицина во Австралија кои требало да запомнат листа со 20 имиња на пеперуги со помош на различни техники за само 30 минути. Еден дел од студентите ја користеле старата техника на Абориџините.


Фото: Pixabay

За време на тестирањето, овие студенти се движеле низ градина и составувале приказни поврзувајќи го секое име на пеперуга со некој дел од градината, како камен или одредено растение. Потоа студентите ја повторувале приказната без да се движат низ градината.

Овие студенти направиле помалку грешки на последователните тестови во споредба со оние студенти што користеле друга техника за помнење.

Сепак, истражувачите посочуваат дека техниката функционира доколку студентите редовно вежбаат бидејќи на истите тестови направени 6 недели по првите студентите што ја користеле техниката имале послаби резултати во споредба со оние што користеле различна техника.

Извор: sciencealert.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот