X
 30.05.2022 Живот

Касами: Од утре продолжува образовниот процес, оваа загаденост не е штетна за здравјето на децата

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами информираше дека пожарот во „Македонија табак“ го гаснат повеќе противпожарни единици од многу градови и дека мерните параметри не покажале поголема опасност од штетни материи.

-Се работи за фабрика која произведува материјали на база на нафтени деривати и, како што знаеме, тоа се високо запаливи материјали и затоа веќе петти час се гаси. Успеваме да се доближиме до локализирање, но уште гори и има уште запалив материјал. Бевме во неизвесност дали има материја штетна по здравјето. Со најновите информациите сме посмирени, не се работи за штетна материја, затоа сакам да информирам дека нема посериозна опасност по здравјето на луѓето. Од утре продолжува образовниот процес, иако денеска побаравме да ги пуштат децата дома. Оваа загаденост не е штетна по нивното здравје - рече Касами.

Во кругот на поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово кон Скопје утрово по девет часот избувна голем пожар кој сè уште се гасне.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот