X
 30.06.2017 Живот

Какво образование имал Путин?

Што учел и какво образование имал еден од најмоќните луѓе во светот?

На 1 септември 1960 година, Путин започнал во училиштето број 193 во близина на неговиот дом во Ленинград. Тој бил еден од неколкуте во класот кој броел 45 ученици кој не бил член на младата пионерска организација.

На 12 годишна возраст тој започнал да практикува самбо и џудо. Идоли му биле офицерите за разузнавање од советското кино. Подоцна, како средношколец, Путин учел германски во гимназијата во Санкт Петерсбург, така што и денес одлично зборува германски.

Во 1970 година, тој се запишува на Државниот универзитет во Санкт Петербург и започнува да студира право. Дипломирал во 1975 година, на темата „Најповолниот принцип кој го преферираат нациите во меѓународното право“. Додека студирал, добил покана да се приклучи на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Тој бил член до декември 1991 година.

Подоцна, Путин го сретнал Анатолиј Александровиќ Шобак, асистент професор по корпоративно право, кој подоцна имал огромно влијание врз кариерата на Путин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот