X
 28.03.2019 Образование

Почнаа отворените денови на Славјанскиот универзитет

На 26.03.2019 се одржа првиот отворен ден на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.

Годинава првпат на Меѓународниот славјански универзитет организиравме отворен ден во форма на саем, со 15 работилници.

15 отворени и забавни работилници почнаа истовремено со работа и преку нив заинтересираните матуранти се запознаа со нашите наставни програми, си ги проверија своите знаења и добија совет за своите идни кариери.

Заинтересираните матуранти можеа да изберат во која од работилниците сакаат да влезат, односно во работилниците за психологија, правни науки, информатика, економија или безбедност.

1

2

3

На работилниците што се одржаа во две групи, односно во првата група наши гости беа матурантите од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе, САБА, СМУ „ Сергеј Михајлов“, ДЕМУ „Коле Нехтенин“, СОУ „Јане Сандански“ и СУ „Димитар Мисарчев“ од Штип, а во втората група наши гости беа матурантите од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, гимназија „Годе Делчев“, СУ „Гоце Делчев“, СУ „Киро Бурназ“ и СОУ „Перо Наков“ од Куманово.

4

5

5

Одржан и вториот отворен ден на Меѓународниот славјански универзитет

Вчера беше одржан вториот отворен ден на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе за 2019 година.
Годинава  првпат на Меѓународниот славјански универзитет организиравме отворен ден во форма на саем, со 15 работилници.

Работилниците почнаа истовремено со работа и преку нив заинтересираните матуранти се запознаа со нашите наставни програми, си ги проверија своите знаења и добија совет за своите идни кариери.

6

7

8

10

Заинтересираните матуранти можеа да изберат во која од работилниците сакаат да влезат, односно во работилниците за психологија, правни науки, информатика, економија или безбедност.

Вчера имавме една група матуранти, односно во оваа група беа матурантите од СОУ „Кочо Рацин“, СОУ „Коле Неделковски“, СОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Јовче Тесличков“ од Велес и СОУ „Наум Наумовски - Борче“ од Пробиштип.

11

12

13

14

Вчера завршивме со отворените денови во Свети Николе, ве очекуваме на отворените денови во Битола на 29.03.2019 и 1.04.2019.

15

16

17

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование