X
 30.07.2018 Живот

Тунел вреден 44 милиони долари кој води до никаде

Хрватите од јужниот дел на земјата се бесни поради тунелот што ги чинел даночните обврзници 44 милиони долари, а води до никаде.

Изградбата е запрена на 1.471 метри, а требаше да го поврзи постоечкиот бајпас и да реши сериозни сообраќајни проблеми во градот.

Тунелот требаше да ги поврзе Омиш мостот и беше поздравен како значаен инфраструктурен проект, а требаше да обезбеди побрзо поврзување за жителите помеѓу градот и главниот крајбрежен град.  Исто така, требаше да го намали сообраќајниот метеж со кој се соочуваше градот во текот на туристичката сезона.

tunel
Фото: RTL Croatia


Изградбата започна пред шест години, меѓутоа сѐ наеднаш запре и парите сега се трошат на друго место. Ова доведе до јавно исмејување.

-Потребен ми е половина час да стигнам до дома, и три часа да стигнам до Сплит и Макарса на брегот - вели Марко.

Градските лвасти признаваат дека скапиот проект е „срамен“ и ветуваат дека ќе ги продолжат преговорите за продолжување на работата.

Градоначалникот Иво Томасовиќ изјави дека после летните одмори, се очекува да има јавен тендер за изградбата на мостот.

-Тендерот треба да биде завршен до крајот на годината ако сѐ биде во согласност со планот. Работата треба да започне некаде наредната година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот