Во знак на признание за негoвата извонредна работа како учител и ментор на студентите од Универзитетот во Тексас и во однос на неговата кариера како наградуван актер и продуцент, Метју Меконахи е назначен за професор по пракса на колеџот за комуникација „Муди“, почнувајќи од есенскиот семестар 2019 година.
Вака Универзитетот во Тексас ја објави веста дека еден од омилените професори ќе се врати со полно работно време за да ѝ предава на следната генерација филмски студенти, земајќи го предметот „Од скрипта до екран“.
Oткако ги завршил студиите во 1993 година, Меконахи редовно бил канет да предава како предавач-гостин. Во 2016 година тој се најде на насловните страници откако одвезол студенти дома во автомобил за голф, како дел од програмата на универзитетот за безбедно возење и оттогаш помага да се развие наставната програма за предметот „Од скрипта до екран“.
Меконахи има големо филмско искуство - работел на над 50 филма вклучувајќи ги „Време за убивање“, „Волкот од Вол стрит“, „Бизнис клуб Далас“.
- Тоа е предмет што би посакал да го имав додека учев во филмското училиште. Работењето во училницата со овие студенти ми дава шанса да ги подготвам. Снимањето филмови, претворањето на зборовите на хартија во филм е и наука и уметност - без оглед на времето или генерацијата. Елементите на вистината и вистинската радост за овој процес се безвремени. Тоа секогаш ќе биде нашиот фокус во училницата - изјави Меконахи.
Меконахи ја заработи почитта меѓу раководството на колеџот поради неговата лична инвестиција во успехот на студентите и неговата подготвеност да работи со студенти надвор од училницата.
- Тој има страст кон подучувањето и сè што е поврзано со филмот. Тоа е видливо и заразно - изјави Ноа Изенберг, претседател на Одделот за радио-телевизија-филм.
Деканот на колеџот, Џеј Бренхард, беше горд што Меконахи ќе биде дел од универзитетските професори.
- Метју многу се грижи за нашето училиште и нашите студенти, а ние сме воодушевен што тој издвојува време да помогне во подготовката на следната
генерација лидери и иноватори - изјави тој.