X
 30.10.2016 Живот

Што сонува вашето куче?

Ако имате куче, тогаш сигурно ви е позната ситуацијата кога вашето куче си го чешка носето, ги мрда нозете, па дури и лае во сон.

Сте запрашале ли што сонува вашето куче? Според експертот д-р Диадре Барет, вашето куче најверојатно го сонува она што го преживеал во текот на денот, односно ве сонува вас.

Слично како и луѓето и кучињата ги сонуваат ситуациите и работите кои им се случиле дента, па додека кучето спие најголема е веројатноста да го сонува својот сопственик, неговото лице и мирис.

За разлика од кучињата, мачките се склони кон сонување глувчиња. Кај луѓето основната причина за сонување е брзото движење на очите, односно стапувањето во РЕМ фазата, односно состојба кога очите на индивидуата се движат и под затворени капаци.

Истражувачите велат дека и кучињата и мачките го доживуваат истото. Кога мачките спијат, според движењата кои ги прават, изгледа како да сонуваат дека бркаат глувчиња во сонот. Кучињата пак, движењето на нозете додека спијат се поврзува со сон во кој тие трчаат.

Во  човековиот мозкот, постои механизам кој мускулите ги спречува да се движат додека спиеме. Но, кога се стапува во РЕМ фазата, можно е да се појават некои движења додека човекот сонува во согласност од контекстот на сонот.
Доколку кучињата имаат лоши соништа, тогаш најверојатно се несреќни заради нешто. Д-р Барет вели дека најдобро е како и на нашите деца, така и на милениците потребно е да им се пружат среќни моменти во текот на секојдневието, за потоа сонот да биде мирен.

Студијата покажала и дека постои врска помеѓу големината на кучето и должината на неговиот сон. За просечно големо куче, сонот трае околу 20 минути во еден циклус, а во тој момент и дишењето се менува. Малите кучиња сонуваат почесто и имаат пократки соништа за разлика од големите кучиња кои сонуваат почесто, но сонот им трае подолго.
Човекот спие просечно од седум до 8 часа дневно, а возрасно куче спие од 12 до 14 часа дневно, што значи 50 проценти од денот на едно куче поминува во спиење.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот