X
 30.11.2021 Здравје

Каде досега се потврдени случаи на омикрон?

Се зголемува бројот на држави низ светот во кои се потврдени случаи на омикрон, новиот сој на коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19.

Одредени држави веќе ги затворија границите, а други забранија влез за жителите на Јужноафриканската Република, каде што првпат се појави овој сој. Еве каде досега се потврдени случаи на новиот сој според последните податоци на Си-ен-ен.

Австралија - 2 случаи
Австрија - 1 случај
Белгија - 1 случај
Боцвана - 19 случаи
Канада - 3 случаи
Чешка - 1 случај
Данска - 2 случаи
Германија - 3 случаи
Хонгконг - 3 случаи
Израел - 1 случај
Италија - 1 случај
Холандија - 13 случаи
Португалија - 13 случаи
Јужноафриканска Република - 77 случаи
Шпанија - 1 случај
Обединето Кралство - 9 случаи

Извор: CNN
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје