X
 31.01.2019 Технологија

Направа што го претвора Wi-Fi-то во електрицитет

Нова флексибилна направа ги претвора електромагнетните бранови користени од Wi-Fi-то во волтажа која може да ги снабдува со енергиjа електронските уреди.

Нов труд објавен во списанието „Нејчр“ од страна на меѓународен тим, предводен од страна на истражувачи во МИТ, открива нова направа која може да ги конвертира Wi-Fi сигналите во електрицитет, отворајќи ја вратата за безжично полнење на електронските уреди и безжично полнење на батерии.

Направата, која е позната како ректена - направа која може да конвертира електромагнетни бранови од наизменична струја во еднонасочна струја - ги чита видовите електромагнетни бранови што носат Wi-Fi сигнали како бранов облик од наизменична струја.

Направата го прави ова со користење флексибилна радиофреквенциска антена прикачена на нов вид полуспроводник. Полуспроводникот ја прима наизменичната струја, а произведува волтажа во еднонасочна струја, која може да ги полни електронските уреди или батериите.

Идејата за користење на безжичната трансмисија за напојување на направите е стара уште од Никола Тесла, но модерните обиди за изградба на ефективни ректени наидоа на тешкотии. Критичната компонента на ректената (исправувачот) претходно се потпираше на материјали кои беа многу непопустливи, како силициум. Пофлексибилни опции беа исправувачи кои беа преслаби да ги фатат електромагнетните трансмисии со повисока фреквенција за да станат функционални.

Но, истражувачите што ја направиле студијата велат дека го нашле вистинското решение за двата проблема.

За да ги надминат предизвиците, тие користеле материјал наречен молибден дисулфид (MoS2). Кога бил изложен на одредени хемиски реагенти, молибден дисулфидот ги реконфигурирал атомите така што работел како прекинувач форсирајќи фазен премин меѓу полуспровдникот до метал. Се создава нешто што е познато како Шоткиева диода, спој меѓу полуспроводник и метал.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија