X
 31.01.2023 Живот

Македонија е на 85. место според индексот на корупција на ТИ

Македонија е рангирана на 85. место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на „Транспаренси интернешенл“.

Во споредба со лани, земјава напредувала за една позиција. Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкорумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја.

Од државите во регионот, најдобро е позиционирана Словенија на 41. место, Грција на 51., Црна Гора 65., Бугарија 72., Косово 84., Србија е 101., а Босна и Херцеговина е на 110. место.

Најмалку корупција, според „Транспаренси интернешенл“, има во Данска, Финска, Нов Зеланд и Норвешка, а најкорумпирани земји во светот се Јемен, Либија и Северна Кореја.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот