X
 31.01.2023 Стипендии

Стипендии за сите нивоа на студии од Владата на Романија

Владата на Романија доделува стипендии за странски студенти, наменети за студирање на додипломски, магистерски или докторски студии во земјата.

Кандидатите за додипломски и магистерски студии може да слушаат само студии на романски јазик, додека докторандите може да слушаат студии и на странски јазик, доколку е понуден. За кандидатите се нуди и едногодишен курс за учење на романскиот јазик пред студиите.

Пријавувањето трае до 1 март. Повеќе информации можете да најдете овде
Активен до:    01.03.2023

Издвојуваме

Стипендии