X
 31.03.2022 Живот

14 години живее на аеродром бидејќи не сака контакт со семејството

Веи Џиангуо од Кина веќе 14 години живее на меѓународниот аеродром „Пекинг капитал“ бидејќи не сака да биде во контакт со семејството. Како што тврди тој, членовите на семејството не му дозволувале да пуши цигари и да пие алкохол.

- Не сакам да се вратам дома бидејќи таму не се чувствувам слободен. Морав да им ја давам мојата парична социјална помош бидејќи не сакав да се одвикнам од пороците - изјавил тој.

Џиангуо го напушта аеродромот само кога треба да пазари и веќе не бара работа бидејќи смета дека е престар (има 60 години). Тој живее на терминалот 2 бидејќи таму му е најтопло. Вработените на аеродромот го сметаат за безопасен иако често вика. Тие го замолиле да си оди неколку пати, но тој одбил, а не е јасно зошто досега не бил исфрлен од аеродромот.

Меѓутоа, тој не е единствениот човек што живеел на аеродром. Најпознат е Мехран Карими Насери од Иран, кој живеел 18 години на „Шарл де Гол“ во Париз. Тој живеел на аеродромот од 1988 до 2006, кога бил хоспитализиран.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот