Дали би сакале да го јадете омилениот оброк, околу вас да паѓа снег, а притоа да не ви биде студено? Верувале или не, ваквото место постои. Станува збор за ресторан во срцето на Шангај.
Во овој ресторан за брза храна паѓа снег трипати дневно, во 20, 22 часот и точно на полноќ. За да уживате во спектаклот мора да направите резервација барем четири дена претходно.
На видеото подолу може да се види како изгледа јадењето во овој ресторан додека во него снежи. На влезот добивате проѕирен чадор за да ги гледате вештачките снегулки, но и за тие да не паднат во вашата чинија.
На плафонот се инсталирани и екрани кои го подобруваат искуството. Снегулките кои паѓаат се направени од пена која ги создава машина.
Извор:
Mondo
Насловна фотографија: Facebook (printscreen)