X
 31.07.2020 Живот

Струјата поскапува за 7,42 отсто

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, потврди дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто.

Тој посочи дека од прилика на една просечна потрошувачка, односно, на сметка од 1.500 денари, зголемувањето на месечните трошоци ќе биде за приближно 100 денари.

Поскапувањето било побарано од страна на сите електро-енергетски компании поради корона-кризата, која довела до намалување на приходите.

-Електрани на Македонија оваа година има драстично и сериозно намалување на продажбата на вишоци на електрична енергија кои најмногу одеа за извоз и тој пад е од 17 милиони евра. МЕПСО како преносен електро систем оператор од прекуграничните преносни капацитети кои ги доделуваше на аукции има намалување од 11 милиони евра, а исто така соодветно влијание има и промената на потрошувачката пред се намалувањето на потрошувачката кај индустриските и комерцијалните потрошувачи - изјави Бислимоски.

Граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот