X
 16.06.2018 Живот

Земјата која станува суперсила во дистрибуцијата на струја

Владата во Пекинг има сериозни планови - да ја направи Кина глобална суперсила во секторот на дистрибуција на електрична енергија, додека кинеските компании вложуваат милијарди во развојот на меѓусебно поврзани далеководи ширум светот.

Кинеските компании во изминатите години сѐ почесто користат технологија на кабли со ултра-високи волтажи за транспорт на еднонасочна и наизменична струја преку големи пространства на својата држава, а истата технологија започнале да ја користат и во своите вложувања во енергетската инфраструктура во другите држави, со цел да изградат глобална мрежа за дистрибуција на електрична енергија.

zemja
Фото: Pixabay


-Кинеските државни компании спроведуваат агресивна политика за ширење во странство, вложуваат во изградбата и управувањето на системите на дистрибуции во некои држави, а во други учествуваат само како вложувачи - вели Кси Ји-чонг, професор по политика од Универзитетот Грифит во Австралија.

Кина се обидува да поттикне меѓусебно поврзување на повеќе од 100 одделни земји, во еден од најамбициозните индустриски планови на денешницата, но тоа не значи дека кинеските компании ќе бидат сопственици на мрежата или ќе управуваат со неа.

-Тоа е во согласност со целите на Пекинг за проширување и поставување на глобални стандарди - вели Ерика Даунс од Универзитетот Колумбија, експерт за Кина и енергија.

-Ова е поврзано со кинеските напори да стане напредна индустриска суперсила - вели таа.

Од 2013 до 2018 година Кина инвестирала 123 милијарди долари во 104 одделни проекти поврзани со системите за дистрибуција на електрична енергија во светот. Најголем дел од инвестициите се во Југоисточна Азија, Јужна Азија, Европа и Русија, Јужна Америка и Западна, Централна и Источна Африка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот