Вагиналните инфекции се многу почести во летниот период поради повеќе фактори, како топлината, влажноста, зголеменото потење и почестото пливање.
Овие околности може да ја нарушат вагиналната pH-вредност и здравата вагинална флора, зголемувајќи го ризикот од инфекции како што се габичните инфекции и бактериските вагинози.
Најчести типови вагинални инфекции во лето:
1. Габични инфекции (кандидијаза)
*Причина: прекумерен раст на габата кандида.
*Симптоми: Чешање, црвенило, жарење, бел сирест исцедок.
*Тригери: мокри костими за капење, потење, примена на антибиотска терапија.
2.Бактериски вагинози
*Причина: дисбаланс на здравите вагинални бактерии.
*Симптоми: густ жолто-зеленикав исцедок со непријатна миризба.
*Тригери: лоша вагинална хигиена, промена на сексуални партнери.
3.Инфекции на уринарен тракт
Не се вагинални инфекции, но доста често се појавуваат во летниот период и често се мешаат симптомите.
*Симптоми: печење и болка при мокрење, потреба за често мокрење, болка во долниот дел од карлицата.
4.Трихомонијаза - сексуално пренослива болест чиј предизвикувач е паразит. Ја карактеризира жолто-зелен секрет со силно изразен непријатен мирис и чешање.
Што може да се направи за да се превенираат овие инфекции во летниот период?
Да се менуваат мокрите костими за капење;
Да се носи памучна долна облека;
Употреба на средства за интимна хигиена со кисела pH-вредност;
Умерена и балансирана исхрана со добра хидратација.
Кога да побарате помош од лекар?
*доколку имате симптоми на печење, чешање кои траат подолго од три дена;
*болка при мокрење или при сексуален однос;
*силна непријатна миризба проследена со исцедок со променета боја.
Автор: д-р Марија Коцева, гинеколог-акушер во ПЗУ „Д-р Ложанковски“