X
 31.08.2021 Живот

Halk Velo Green: Собраните средства ќе се искористат за пошумување и заштита на животната средина

На 8 септември во Маврово ќе се одржи втората хронометар велосипедска трка Halk Velo Green, на која можат да учествуваат сите љубители на велосипедизмот. Велосипедската трка, која е од хуманитарен карактер, е во организација на Халкбанк АД Скопје и сите оние што сакаат да учествуваат можат да се пријават уште денес.

И годинава сите уплатени котизации за учество ќе се искористат за пошумување на одредени површини во земјава каде што ќе биде утврдено дека има потреба од тоа. Средствата од ланската трка се искористија за засадување 8.000 нови садници во Светиниколско.

Како и ланската година, кога Халкбанк првпат ја организира трката Halk Velo Green, натпреварувањето и годинава ќе биде во две категории - ПРО и ХОБИ. Во категоријата ПРО предвидено е учесници да можат да бидат членови на Велосипедската федерација на Македонија, но и оние што се кондиционо спремни да се натпреваруваат во оваа категорија. Во категоријата ХОБИ може да се пријават сите рекреативци кои се вљубеници во велосипедската култура. И двете категории ќе треба да возат патека долга 22 километри, од хотел „Бистра“ до Леуново и назад. Годинава новина е што се додава категорија и за деца и млади наречена ПРО КИДС каде што натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраста – од 6 до 12 и од 13 до 17 години.



Минатогодишните победници во категоријата ХОБИ мажи/жени велат дека согласно нивното искуство, Halk Velo Green претставува спортски настан каде што во исто време има натпревар, дружба и подигнување на свеста за грижата за здравјето и важноста од зачувување на природата. Тие велат дека се задоволни од минатогодишната организација на целокупниот настан. Според нив, Halk Velo Green е настан кој те мотивира да започнеш со здрави навики, на кој запознаваш искрени пријатели и со кој даваш свој придонес за засадување нови зелени површини кои во овој момент се навистина потребни земајќи ги предвид пожарите со кои се справувавме изминатиот месец.

Во однос на наградите од велосипедската трка, за сите категории се предвидени парични награди од 30 илјади денари за прво, 20 илјади денари за второ и 10 илјади денари за трето место во категоријата ПРО мажи/жени. Во категоријата ХОБИ мажи/жени предвидени се парични награди од 12 илјади денари за прво, 6 илјади денари за второ и 3 илјади денари за трето место. Во категоријата ПРО кидс предвидени се 3 илјади денари за прво, 2 илјади денари за второ и 1 илјада денари за трето место. За сите категории на учесници следуваат и награди од спонзорите - осигурителната компанија Halk Insurance, глобалната мултибренд продавница за исхрана и спортска и фитнес-облека Polleosport и фитнес и спа-центарот Parkland hospitality.

Заинтересираните учесници можат да се пријават уште денес на следните веб-страници - http://www.halkvelogreen.mk/ и www.smartrace.club.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот