X
 31.08.2025 Живот

Како ќе изгледа Музејот на југословенските воздухопловни сили

До 2027 година музејот во Сурчин ќе има реновиран изложбен простор од 6.000 м² и повеќенаменски хангари во дворот.

Пред повеќе од една година се подготвуваше студија за реконструкција на Музејот на југословенските воздухопловни сили. Оттогаш музејот е затворен, а вредната колекција е сè повеќе загрозена поради лошите услови. Сепак, во Белград беше потпишан договор со кој се дефинира адаптација и модернизација на постојната зграда на Музејот на југословенската авијација, како и изградба на нови повеќенаменски хангари во неговиот двор.

Според достапните информации, проектот вклучува реконструкција на музејската зграда со површина од околу 6.000 м², со цел зачувување на нејзиниот автентичен карактер и истовремено подобрување на условите за изложување и складирање на колекцијата.


Во рамките на комплексот ќе бидат изградени нови хангари, дизајнирани да се вклопат во постојната архитектонска средина и да овозможат модерно презентирање на богатата авијациска колекција. Работите се дел од поширок план за ревитализација на музејот и негова подготовка за меѓународни настани, а се очекува да завршат до 2027 година.

Не е наведено кој е автор на архитектонското решение за идниот изглед на Музејот на југословенските воздухопловни сили и неговото проширување.


Тековна состојба на музејот


Денес, зградата на Музејот на југословенските воздухопловни сили е во лоша состојба - фасадата е оштетена, а внатрешните простории се несоодветни за долгорочно складирање експонати. Некои авиони и хеликоптери стојат на отворено со години, изложени на временски услови, што дополнително го загрозува зачувувањето на вредната колекција.

Зградата е изградена во периодот помеѓу 1969 и 1989 година како Музеј на југословенските воздухопловни сили, според проектот на сараевскиот архитект Иван Штраус и конструктивните решенија на белградските градежни инженери. Архитектот Штраус ја доби федералната награда „Борба“ за најдобро архитектонско достигнување во 1989 година за ова оригинално дело.

Извор: gradnja.rs

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот